Наскоро во Собрание ќе се дискутира за предлог законот за игри на среќа

Од Антикоцкање велат дека наскоро во Собрание ќе се дискутира за  предлог законот за игри на среќа. Апелираат пратениците посебно од власта да размислат пред да гласаат, ако се работи за навредлив и штетен закон.

Оттаму додаваат дека секој пратеник ќе биде казнет на престојните избори, ако гласа за навредлив и штетен закон.

„ Ги прашуваме лидерите и пратениците од сите политички субјекти кога биле најискрени; кога ни ветија поддршка за дислокација на објектите за коцкање или кога гласаа за спонзорирање на коцката со 14 милиони евра за апарати, рекоа од здружението“.

Од Антикоцкање, бараат сите објекти каде се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени најмалку 3 километри од населени места. Што содржи новиот предлог закон и кога точно ќе се гласа од здружението не знаат детали, но се надеваат дека новиот закон кој ќе биде донесен ќе биде во полза на нивните барања.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!