Наскоро ќе се започне со реконструкција на стариот пат Тетово – Скопје

Наскоро ќе се започне со реконструкција на стариот пат Тетово – Скопје на потег од Желино до месноста Карпалак. Директорот на Јавното претпријатите за државни патишта Зоран Китанов при денешната посета на Општина Желино, најави дека ќе се започне и со проширување на регионалниот пат Желино – Јегуновце.

Речиси сите административни процедури се завршени како и проектната документација. Избран е изведувачот на градежните работи кои требаше да започнат порано, но коронавирусот ги одложи работите.

-Дадени се документите за усогласување, на изведувачот му се дадени насоки дека треба наскоро да се започне, да подготив план за времен режим на сообраќај и кога ќе добиеме потврда од европска банка, а верувам дека ќе биде и тоа работите ќе започнат. Но тука ќе ги замолам граѓаните дека треба да внимаваат додека се одвиваат градежните работи, затоа што додека е времен режим на сообраќај тоа значи дека ем ќе се работиме ем патот ќе функционира, рече  Зоран Китанов Директор на јавно претпријатие за државни патишта

Градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдуи, истакна дека патните правци од неговата општина до Карпалак и до Јегуновце се едни од најфкрекфрентните и нивната рехабилитација е неопходна.

-Овој пат го користат пред се административци од полошкиот регион кои работаат во Скопје но и бизнис секторот кои имаат свои фирми токму долж овој патен правец и затоа ја поздравуваме оваа рехабилитиација , рече  Блерим Сејдуи градоначалник на Желино

Китанов изјави дека се работи и на решавање на најгорливиот проблем на Тетово, а тоа е изградба на обиколница од автопатот пред влезот на Тетово се до Теарце. На тој начин возилата кои се обраќаат во правец кон Јажинце немаат потреба да влегуваат во град и да создаваат гужви. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!