Наскоро ќе се пушти новиот објект на воспитно поправениот дом Тетово

По 19 години селидба од една во друга установа штитениците на воспитно – поправниот дом во Тетово кои се сега сместени во затворот во Охрид во лоши и нехумани услови, ќе бидат префлени во новиот објект на ВП домот Тетово, лоциран во атарот на  село Волковија. Првите луѓе на управата попладнево извршија увид. Целиот објект е завршен. Има доставено вода и струја, и наскоро се очекува да биде пуштен во употреба.

ВП домот започна да се гради од 2014 година. Но градбата со одолговлекуваше, поради недорабирања со месното население. Проблемот се надмина. Установата мора што побрзо да се пушти во употреба, затоа што тоа од нас го бараат меѓународните организации

Инаку штитениците заедно со вработените,  во воениот конфликт во 2001 година беа опоколени и избркани од стариот ВП Дом во Тетово, лоциран веднаш од тетовското Ара Бати Баба Теќе. Сега објектот  катастарски му прупаѓа на ИВЗ, кои ја добија и цела парцела со денационалиација на земјиштето.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!