Наташа Димитриевска задоволна од промената на казната за возачот во сообраќајката во која го загуби сопругот

Апелацискиот суд ја преиначил казната за возачот за сообраќајката кај Млечен во која животот го загуби Гоце Димитриевски, а тешко повредена беше неговата сопруга, која го загуби и плодот во несреќата. Тој доби двегодишна казна затвор и забрана за управување возило во период од 2 години. Наташа Димитриевска, вели дека тоа е резултат на нејзината борба и поддршката од јавноста.

По информацијата дека е променета условната казна со ефективна казна затвор за возачот во сообраќајката кај Млечен, во која животот го загуби 32-годишниот Гоце Димитриевски, неговата сопруга Наташа Димитриевска е задоволна.

Таа вели дека народот не се согласува со времетраењето на казната, но сепак, според неа носи надеж за непристрасно судство.

Додава дека напредок е и тоа што е изречена е и забрана за управување на моторно возило во период од 2 години.

Борбата на Димитриевска продолжува, ќе бара одговорност на сите инволвирани во процесот.

Инаку, Димитриевска во сообраќајната несреќа која се случи во октомври 2018 година во Скопје, го загуби својот сопруг и нероденото бебе, а таа се здоби и со тешки телесни повреди од траен инвалидитет.

error: Content is protected !!