Најдоцна до 19 март сите невработени лица треба да се пријават во Центрите за вработување


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

Ако тоа не го сторат во предвидениот рок ќе бидат избришани од евиденцијата.

Откако повторно беше воспоставено редовното пријавување на невработените, во септември минатата година, околу 54 илјади лица доцнат со пријава во евиденција, соопштина наджните.

Директорот на Агенцијата за вработување, Абдуш Демири, ги повика да се обратат во Центрите за вработување и дисперзираните канцеларии за да ја регулираат својата обврска во рок од 30 дена, односно најдоцна до 19 март, петок. Активните баратели на работа треба да се пријавуваат на секои 30 дена, додека другите лица кои се пасивни баратели на работа, на секои 6 месеца.

Невработените лица кои нема да ги исполнат своите обврски во рок од 30 дена согласно Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност се бришат од евиденцијата на невработени лица и можат повторно да се пријават по истекот на една година, а корисниците на права по основ на невработеност го губат и правото.