На Велики Четврток се вапцуваат првите велигденски јајца

Православните верници ги започнаа подготовките пред празникот Христовото воскресение Велигден. Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, според традицијата денес на Велики четврток во секоја православна куќа се вапцуваат црвени јајца, симбол на христовата победа над смртта. Домаќинките пред изгрејсонце ги бојадисуваат првите три велигденски јајца, кои се чуваат преку целата година.

Ваквата традиција се негува и во семејството Зориќ.   

            Велигденски јајца покрај во црвена боја се вапцуваат и различни бои, затоа што децата ги сакаат, вели Зориќ. Таа истакнува дека празникот не учи да го почитуваме семејството.

Православните христијани на Велигден подарувајќи си црвено јајце еден на друг или кршкајќи се со него, всушност го симболизираат Христовото Воскресение.

Данијела Билбилоска