На владина седница ќе се одлучува за наставата на учениците во второто полугодие

Новоназначениот министер за образование и наука, Јетон Шаќири, денеска беше во посета на Државниот универзитет во Тетово, каде што оствари средба со ректорот на Универзитетот како и со про-ректорите на институцијата. На средбата се разговараше за актуелната состојба во којашто се наоѓа високото образование во земјава проследено со предизвиците наметнати од пандемијата со Ковид-19, а меѓу другото беа истакнати и проблемите со кои се соочува Универзитетот. 

Во однос на почетокот на второто полугодие од учебната 2021\2022 година, министерот одговарајќи на новинарско прашање истакна дека до крајот на оваа седмица на владина седница ќе се одлучува дали наставата за основците и средношколците ќе се спроведува со физичко присуство или онлајн.

Инаку, зимскиот распуст на учениците беше продолжен до 1 февруари поради зголемениот број на ново дијагностицирани случаи со Ковид-19, а особено од брзото ширење на новиот регистриран сој омикрон.