На Гостивар му требаат слаткари и фризери, во Центарот ќе се спроведуваат обуки

Гостиварската баклава е надалеку прочуен деликатес. Кој еднаш ја вкусил, секогаш ќе се враќа за парче плус. Гостивар е град во кој слаткарската традиција се негува од дамнина. Но, последнава деценија младите се поретко кои сакаат да навлезат во тајните на слаткарскиот занает.

Со цел да се поттикнат да го изучат и да им се помогне со работен ангажман, наредниот период ќе се спроведуваат обуки за слаткари на државна сметка. Дефицитарна професија е и фризерството, па и таа ќе биде опфатена со оваа мерка.

„Во тек е оглас за обуки за дефицитарни занимања, во Гостивар тоа се слаткари и фризери. Обуките ќе траат три месеци, од кои два месеци теорија и еден пракса. На сите кои ќе ги завршат обуките ќе им биде доделен сертификат, а во периодот додека траат ќе добиваат по 9.000 денари месечно за трошоци.“, рече Хисен Амзаи, раководител на Центарот за вработување во Гостивар.

Пријавувањето за учество во обуките за слаткари и фризери трае до петок, 31 јули. Интересот до сега задоволува оценуваат од Центарот за вработување. За слаткари се пријавиле над 20 невработени, додека за до сега фризери 17.

Во меѓувреме за Гостивар тече и огласот за лични асистенти на лица со посебни потреби.

error: Content is protected !!