На денешен ден пред 20 години со вооружениот напад во Теарце почна конфликтот во Македонија

Денес беше одбележан овој немил настан, кој неофицијално се смета за почеток на воената криза во Македонија.

Во тетовско Теарце денес беше одбележана 20-годишнината од вооружениот напад на полициската станица, во која загина бранителот Момир Стојановски, а тројца негови колеги повредени.

Цвеќиња во знак на почит на спомен плочата положија неколку делегации, по што организаторот „Одбор на бранители“ побара поголема грижа за бранителите и нивните семејства.

Жителите на Теарце велат дека соживотот тече, а немилиот настан не се заборава, иако за него не се зборува многу.

Нападот, за кој тогаш одговорноста ја презеде т.н. Ослободителна народна армија неофицијално се смета за почеток на воената криза во земјава.