На депонијата Русино од синоќа се пропуштаат само камиони на гостиварски Комуналец

По тридневна блокада од синоќа комуналниот смет од општина Гостивар повторно се носи на депонијата Русино.

Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ велат дека е постигнат договор откако локалната самоуправа исполнила едно од барањата, односно да испрати барање до Владата и Министерството за животна средина за да преземат мерки за изнаоѓање конечно решение за депонијата Русино.

Гостиварското комуналното претпријатие деновиве ѓубрето од контејнерите го складираше во една од халите кои ги користи како магацин.

Инаку забраната продолжува да важи за возилата на комуналните претпријатија од другите општини.

Од Граѓанската иницијатива велат дека блокадите на возилата кои депонираат смет на Русино ќе продолжат до 12 август. Очекуваат да бидат исполнети нивните барања, односно дислокација на депонијата и изградба на нова по стандарди.

error: Content is protected !!