На забар според строг протокол – се работи со далеку понамален капацитет од вообичаено

И забните ординации беа повеќе од еден месец затворени заради епидемијата со коронавирусот. Сега, работат според строго утврдени протоколи и со намален обем на работа. Ординацијата и апаратите постојано се дезинфицираат, а заболекарите носат соодветна заштитна опрема. На самиот влез ја проверуваат температурата на пациентот и соодветно го дезинфицираат, а термините се закажуваат претходно, по телефон. Засега се работи само со интервенции кои не може да се одложуваат.

И оваа сфера е погодена од околностите предизвикани ширењето на Ковид-19. Забните ординации ја одржуваат хигиената на високо ниво, а заболекарите се изложени на ризик со тоа што интеракцијата со пациентот мора да биде на мала оддалеченост.

Заболекарите апелираат до граѓаните секогаш да се консултираат со нив преку телефон, да носат заштитна опрема кога влегуваат во ординациите и да ги почитуваат препораките за заштита.

error: Content is protected !!