“НА КАФЕ СО МОЈОТ ДОКТОР” во Општина Тетово

Здружението за иницијативи за развој во здравството, подобрување на здравствените сервиси и застапување на пациенти – ЕЗРА, својата активност “НА КАФЕ СО МОЈОТ ДОКТОР” синоќа ја одржа во Општина Тетово. Се одржаа предавања за важноста од превенцијата и раното откривање на ракот на дојка, односно вршење на редовни мамографски прегледи, а присутните имаа можност да добијат бесплатни консултации.