На пазарен ден дозволено да се продава надвор од Зелениот пазар

Општината дозволи продажба на земјоделски и други производи надвор од Зелениот пазар во Тетово само на пазарен ден, односно само во четврток.

Од таму преку социјалните мрежи информираа дека ослободувањето на тротоарите и јавните површини околу Зелениот пазар во Тетово наишло на целосно разбирање кај уличните продавачи, па така Општината, во соработка со инспекторатот и раководството на пазарот, одлучиле во четврток, кога е пазарен ден во Тетово, на истите да им се доволат трговски активности и надвор од зелениот пазар. Оваа можност продавачите ќе можат да ја користат само во пазарните денови (секој четврток), додека во останатите денови такво нешто нема да биде дозволено.


Од Општината велат дека во текот на целиот пазарен ден, продавачите нема да бидат попречувани од инспекторатот, а во вечерните часови вработените во ЈКП „Тетова“ ќе ги чистат тротоарите и улиците, за во другите денови да не се попречи слободното движење на граѓаните.

На новинарско прашање дали ќе бидат отсранети дивите продавачи и во другите делови на градот, градоначалникот Биљал Касами, одговори дека најпрво треба да им биде обезбедена алтернативна локација.

Инаку, забраната за продажба на тротоарите околу Зелениот пазар започна да се спроведува во понеделникот.