На Попова Шапка има снег, ама нема скијање

На скијачкиот центар Попова Шапка викендов наврнаа речиси половина метар снег. Механизацијата ги натапка ски патеките, но истите не можат да се користат за скијање поради топлото време.

Од раководството на скијачкиот центар Попова Шапка, велат дека веднаш по врнежите од снег со механизација ги натапкале ски патеките, но топлото време ја омекнува снежната покривка која е крајно небезбедна за скијање. Затоа и одлучено е да не се користат патеките за скијање. Инаку трите жичници на Попова Шапка викендов што следува ќе бидат пуштени во употреба за панорамско разгледување.

На 26 февруари беше означен официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка, која ќе има капацитет да превезува 2400 скијачи на час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!