На тетовско-гостиварското подрачје нови решенија за изолација добиле вкупно 112 лица

21 лице потпишале дека ќе останат во самоизолација. Во изминатото деноноќие казнети се 98 лица за неносење заштитна маска.

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат изготвени им се на вкупно 112 лицa (ТЕ-104 и ГВ-8), додека вкупно биле контролирани 900 (TE-645 и ГВ-246) лица со вакви решенија. Во изминатото деноноќие, исто така,  изјави за самоизолација потпишале вкупно 21 лицe (TE-13 и ГВ-8), а контролирани биле 125 лица (ТЕ-58 и ГВ-67) со потпишани изјави за самоизолација. Во овој период  за неносење заштитни маски на вкупно 98 лица (ТЕ-73 и ГВ-25) изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба.

Во содејство и координација со Државен пазарен инспекторат билa извршенa контролa во 1 објект во Тетово и не биле констатирани прекршувања на протоколите за работа.

Инаку од почетокот на коронакризата биле извршени вкупно 936 вакви контроли во тетовско-гостиварскиот регион, во кои се констатирани 46 неправилности, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во полицискиот билтен и информација дека вчера при претрес во домот на 26-годишник во тетовски Порој, реализиран со судска наредба, било пронајдено едно стебло марихуана засадено во саксија и остатоци од кокаин, кои се фотодокументирани и подигнати за вештачење. 26-годишникот ќе се соочи со соодветен поднесок.

32-годишен тетовец, кој без дозвола управувал патничко возило, откако вчера бил запрен од полициските службеници, ги навредувал и омаловажувал, по што се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мопед, случена вчера на регионалниот пат Гостивар-Чегране, во населбата Питарница, повреден 79-годишник од Чајле, кој управувал со мопедот, по што бил пренесен во гостиварската болница.

Од СВР Тетово информираат и за повреден работник, кој паднал од скала извршувајќи работи на електричната мрежа во Неготино-Полошко. 50-годишникот од Скопско бил пренесен во гостиварската болница за укажување на лекарска помош.

error: Content is protected !!