На тетовско-гостиварското подрачје ниту едно лице не го прекршило полицискиот час

Од полицијата информираат и за приведувања поради дрога и дрвокрадство.

Во периодот 31 март/1 април од 7 до 7 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово ниту едно лице не ја прекршило одлуката за ограничено движење и нема лишени и задржани лица.

Вкупниот број на лица, пак, спроведени во државен карантин на ова подрачје изнесува 391 (ТЕ-209 и ГВ-182), а на лицата со потпишани изјави за самоизолација e 308 (ТЕ-182 и ГВ-126). Покрај ова, реaлизирани се и 106 (ТЕ-72 и ГВ-34) контроли на лица со решенија за изолација, издадени од Државниот санитарен инспекторат.

Од СВР Тетово информираат дека вчера се приведени две лица 39-годишен тетовец и 44- годишник оф Гостивар, затоа што при преглед кај нив се пронајдени хероин, дигитална вага и алуминиумска цевка со остатоци од хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Вчера на земјен пат за тетовското село Брезно, полициски службеници на СВР Тетово запреле патничко возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 40-годишник од тетовско Слатино и кој превезувал огревни дрва без потребните документи. Тој бил приведен, а дрвата со потврда му се одземени. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува поднесок.

error: Content is protected !!