На УЈИЕ одржан натпревар за најдобар бизнис-план

Матуранти од повеќе средни училишта од неколку градови од Македонија, денес учествуваа на натпреварот за најдобар бизнис-план, што го организираше Факултетот за бизнис и економија при Универзитетот на Југоисточна Европа во соработка со Центарот за бизнис и иновации. За најдобрите три бизнис-планови се предвидени парични награди. Покрај тоа, матурантите како дополнителна активност имаа можност и да слушнат предавања од искусни претприемачи во областа на импементација на бизнис-плановите во успешен старт-ап.

Ученичките трудови ги оценуваше комисија составена од професори по бизнис и економија, а наградите за најдобрите како што истакнаа од УЈИЕ, меѓу другото ќе бидат и поттик идните студенти да го продолжат образованието во тој сектор. Ваков натпревар се организира втора година по ред, а годинава очекувањата се големи во поглед на изработката и презентацијата на бизнис-плановите од учениците.

Ивана Серафимовска