На фестивалот ТИФФ ОДА ќе се прикажат 43 филмови

Во Тетово од утре до сабота ќе се одржува 12-тото издание на тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА. Оваа година фестивалските филмови ќе бидат прикажани во простории на Универзитетот во Тетово –  на отворено. За сите проекции влезот е слободен.