Невладините бараат Шар Планина што поскоро да биде прогласена за Национален парк

Валоризацијата на вредностите на Шар Планина е завршена,  експертите дадоа зелено светло оваа територија да биде прогласена за Национален парк, но постапката се уште не е влезена во собраниска и владина процедура.

Од Здружението Еко Герила, се сомневаат дека интересни групи влијааат на одолговлекувањето на заштитата, со цел изградба на мали хидроцентрали кои државата ги субвенционира.

Оттаму велат дека од малите хидроцентрали само ќе се збогатат одредени поединци, бенефит нема да види ниту државата, ниту населението.

Од Министерството за животна средина, истакнаа дека во тек се активности за изработка на конечната верзија на Студијата за валоризација на Шар Планина и усогласување со другите сектори економија, шумарство, енергетика, туризам, по што ќе следува постапката за прогласување.

Неодамна министерот за Животна средина и просторно планирање изјави дека идниот Национален парк ќе биде прогласен во октомври годинава, но во моментов се спорни само 10 % од идното заштитено подрачје.

error: Content is protected !!