Нема гужва пред пошта, но се уште има пред банките

Конечно почна да работи поштата во Тетово, за да можеме да си ги платиме сметките. Претходно чекавме дури по 5 часа – велат Тетовци кои утрово се упатија во поштата во Тетово за да си ги завршат обврските. Додека беше затворена, се жалат дека чекале многу во банките, каде што секојдневно се забележуваа големи редици на луѓе. Утрово во поштата немаше воопшто гужва, па граѓаните за брзо време ги завршуваа обврските, задоволни што поштата повторно е отворена.

Пред банките пак, во центарот на градот, сликата секојдневно е иста. Долги редици и гужва од луѓе кои чекаат повеќе часа за да влезат во банка.