Нема заразени со Ковид 19 помеѓу вработените во детските градинки во Тетово и околината

Во скринигот, покрај општинската градинка „Младост“, беа опфатени и приватните градинки. Во овој регион бројката на случаи со Ковид 19 секојдневно расте. Денес се регистрирани 16 нови.

И покрај растечкиот тренд на заразени со Ковид 19 во Тетово и околината, добрата вест е што нема заболени вработени во детските градинки. Вкупно 190 лица, негувателки, воспитувачки, административен и технички персонал, беа опфатени со дводневниот скириниг, кој беше направен за да се испита дали има заболени од коронавирус пред почетокот со работата и приемот на деца. 150 се вработени во тетовската детска градинка „Младост“, а останатите се од приватните градинки во градот и од општинската детска градинка „Јаболчиња“ во Јегуновце.

Директорката на детската градинка „Младост“ од Тетово, Рамије Даути, е задоволна што објектите ќе можат непречено да започнат со работа бидејќи нема позитивни на Ковид 19 помеѓу вработените. Перидов се прават сите подготовки според Протоколот на ресорното Министерство, односно се врши надворешна и внатрешна дезинфекција, очекуваат да им пристигнат и топломери, а привршуваат и работите за реновирање на дел од објектите.

Нема нови кластери и сите заразени се контакти на веќе заболени лица. Бројката на ковид дијагностицирани пациенти достигна 265 од почетокот на епидемијата.

Данијела Билбилоска

error: Content is protected !!