Нема криза во домашното производство на масло за јадење
Благодарение на владините мерки, зголемениот принос и откупните цени нема потреба од грижа за обезбеденост со житни култури, изјави министерот за земјоделие Љупчо Николовски. Тој истакна и дека годинава за 4 пати е намален увозот на сончоглед по што се утврдува дека нема криза во домашното производство на масло за јадење.