Непрописно паркираните возила и тесните улички ја отежнуваат пристапноста на пожарникарските возила

Тесни улички и непрописно паркираните возила од несовесни возачи се голем проблем за пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Тетово. Со ваков проблем најмногу се соочуваат во самиот град Тетово, кога пристапноста до местото каде што избувнал пожар, речиси е невозможна. Командирот Ука Алити вели дека возачите треба да внимаваат како се паркираат бидејќи секогаш треба да имаат предвид оти им отежнуваат на службите.

Најголем проблем се јавува во стариот дел од градот и периферијата на Тетово. Апелот до граѓаните е за нивно добро, за што поуспешно да ги извршуваме задачите, вели Алити. Инаку територијалната противпожарна единица од Тетово опслужува уште 5 други општини – Теарце, Јегуновце, Желино, Боговиње и Брвеница.

error: Content is protected !!