Непроценлива семејна традиција – семејство од Волковија зачувало предмети стари неколку векови

Пред 2 години, мајката на Методија Јанакиевски од тетовска Волковија, пронашла стари документи во семејниот ковчег. Кога Методија ги видел, сфатил дека се работи за вредни документи од неговите предци – кои датираат уште од времето на Отоманското владеење во овој регион. Јанакиевски започнал со собирање на сите скапоцености кои потекнуваат од неговото семејство и гордо зборува за сите факти кои го поврзуваат со неговите предци.

Носии, накит, оружје, документи – во куќата на Јанакиевци има се – целокупното битисување на неговото семејство испишано на секое автентично парче од семејната историја.

Сите предмети кои за него се како што вели Методија бесценети, се лична оставина од неговиот татко, а претходно од неговата баба.

Јанакиевци се единствено семејство кое има сочувано толкав број на стари предмети од предците. Во иднина, Методија сака да создаде и еден личен свој музеј преку кој ќе го презентира традиционалното историско и семејно богатство и неговата автентичност.