Не запира растот на новозаболени пациенти со КОВИД 19 во тетовско

Не запира растот на новозаболени пациенти со КОВИД 19 во тетовско. Во последниве 24 часа се евидентирани нови 14 позитивни на корона.

Со растот на новозаболени пациенти расте и бројот на нови кластери. Дел од заразените се од новоформирание 6 кластери, а дел се инфицирале затоа што имале контакт со веќе заболени.

Граѓаните велат дека се не почитуваат здравствените препораки и сметаа дека за Тетово треба да се воведе карантин додека не се стабилизира состојбата.

Од Кризниот штаб на Општина Тетово, велат дека времето на карантини е завршено, бараат од граѓаните поголема свесност и да се соочат со реалноста дека треба да живеат со коронавирусот.Сличен совет даваат и здравствените работници.

Со новите 14 случаи во тетовско досега има евидентирано 229 случаи заразени со корона од вкупно 31 кластер, од кои21 лице починало, а над 80 се се уште активни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!