Не се бележи намалување на појавата на пожари во 2020 година

Нема намалување во однос на појавата на пожари и интервенции оваа година. За жал, бројката е иста како и претходната 2019, велат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Оваа година беше полна со предизвици, па единицата имаше задача и да помогне во областа на вршењето дезинфекција на градот. Од таму велат дека се надеваат на стабилна состојба и  во текот на есенските и зимските месеци.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово апелираат граѓаните да бидат внимателни, особено сега кога е започната грејната сезона.

error: Content is protected !!