Николина Николовска ја доби титулата „Вешта жена за град Тетово“
Вчера се одржа Изборот на Вешта Жена за општина Тетово.
Николина Николовска ја доби титулата „Вешта жена за град Тетово“, на општинскиот избор на манифестацијата Вешта жена. Нејзината маса со бројот 1 насловена „Бајка“, ги освои гласовите на жирито.
Целта на манифестацијата е да се мотивираат жените и да докажат дека можат да бидат успешни на секое поле. Беа доделени и признанија за успешни жени во неколку области – здравство, образование, бизнис сектор и хуманост.
„Вешта жена“ и овојпат беше збогатена со музика и забава за присутните.
Данијела Билбилоска