Ниска цена на Македонското јагне пред велигденските празници

Голем дел од Македонските јагниња оваа сезона пред велигденските празници нема да се продадат, а мал дел од нив се откупуваат по многу ниска цена. Од Сојузот на овчари, велат дека досега се продадени околу 40 000 грла јагниња за разлика од лани истиот период кога беа извезени над 120 000 грла. Голем проблем е и цената  која достигнува едвај 120 денари по килограм жива мера.

-Коронавирусот уништи многу гранки така и нашата која без интервентна помош од државата може да замре, велат од Сојузот.

Зијадин Зендулаи од Шарпланинското село Селце моментално има 500 овци. Вели дека без државните субвенции сточарската гранка не би можела да опстане, но иститие треба да се пуштаат навреме односно во септември за да може да се преживи зимата, и со тие пари да се нахрани стоката.

Од Сојузот на овчари сметаат дека треба да се укине и забраната за извоз на жива стока која е воведена уште во поранешна Југославија, поради појава на болеста шап и лигавка.

-Сега таква болест нема одамна појавено ,а забраната се уште стои на штета на сточарите, вели Меѓит Амити потпретседател на Сојузот на овчари

Во Македонија според Сојузот на овчари има околу 400 000 овци, за разлика од пред две децениии, кога нивната бројка достигнуваше и до 2 милиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!