Нова пумпна станица во тетовско Фалише
Од денеска во употреба е новата пумпна станица во тетовско Фалише со која се обезбедува вода за пиење од две бушотини. Со оваа вода ќе се снабдува населението во Фалише и Сараќино.
Еден повеќедецениски проблем кој ги мачеше тетовските села Фалише и Сараќино конечно е решен. Пуштена е во употреба пумпна станица која ќе ги снабдува со доволни количини вода за пиење за наредните две децении. Пумпната станица е од најсовремен вид и ќе обезбеди 20 литри вода во секунда, што е сосема доволно за овие две села.
Жителите на овие две тетовски села долги години имаа проблеми со водоснабдувањето, кое беше недоволно и со чести прекини. Минатата година настана голем дефект на цевководот со кој селата се снабдуваа со вода за пиење, кој не можеше да се отстрани, па беше ископан бунар, од каде што преку пумпната станица се снабдуваат со вода.
Данијела Билбилоска