Нова традиција за Василица во Тетово

Денес точно напладне се слушна биењето на камбаните во сите православни храмови во Тетово и тетовско. На овој начин се прослави празникот на Свети Василиј Велики, кај народот познат како Василица, на иницијатива на група граѓани. На верниците им беа поделени парчиња пита со паричка, традиција карактеристична за овој регион.

„Идејата е да се огласиме дека постоиме на овие простори“, вели една од иницијаторте Снежана Стојановска – Жана.

Во црквата Свети Кирил и Методиј денес паричето го пронајде Зорица Јованоска од Тетово.

Иницијаторите на оваа прослава се надеваат дека ќе стане традиционална.