Нови решенија за изолација за 173 лица во Тетово и Гостивар

Изминатото деноноќие во тетовско-гостиварскиот регион Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал нови решенија за изолација на вкупно 173 лица. Според податоците од СВР Тетово, од нив 121 се во Гостивар и 52 во Тетово. Полицијата контролирала и 96 лица со решенија за изолација на гостиварско подрачје. Со оглед дека на сила е викенд карантин, такви контроли во Тетово не се спроведени.

Истиот период, изјави за самоизолација потпишале 44 лица во тетовско и 42 во гостиварско, каде контрола била извршена на 41 лице со претходно потпишани изјави.

Во тетовскиот регион регистрирани се и прекршувања на забраната за движење, односно полицискиот час. Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски вкупно 12 лица во тетовско биле лишени од слобода поради ваково прекршување. Меѓу нив имало лице над 65 години, како и малолетник. Сите се соочуваат со кривична пријава за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија. 

Полицијата казнувала и за непочитување на мерката за задолжително носење на заштитни маски. Во Гостивар казнети се 19, додека во Тетово 2 лица.

error: Content is protected !!