Нови три подстаници на пожарната во Тетово
По пријава за пожар во најоддалеченото место, пример селото Јажинце, за да ги поминат тие 35 километри на тетовските пожарикари им требаат околу 45 мин. Патот е со многу предизвици, густ сообраќај, грпки на коловозот.
„Од Дреновец до село Џепчиште имаме такви скокалници и повеќе ни смета и гужвата, имаме многу коли во тој правец. Нормално тие се жалат дека ние касниме, но тоа што можеме да стигнеме побрзо до целта, многу е далеку од пожарната во Тетово“, изјави Авни Амети, командир во ТППЕ Тетово
Отворање на подстаници многу би помогнале за побрза реакција и ефикасност, зашто покрај Тетово, Противпожарна единица ги покрива и околните 5 рурални општини, велат пожарникарите.
*изјава Авни Амети , командир во ТППЕ Тетово
„Ако имаме во Теарце се знае дека ќе стигнеме за 10 мин во Јажинце. И на другите рурални општини. Да се постигне ова е многу труд ние сме работеле цело време со хуман ресурс во Општина Тетово да постигнеме како може да го планираме ова, да ги тераме и другите рурални општини за оваа намена пошто стварно значајна и секундата кога идеш во пожар или каква било ситуација“, изјави Авни Амети, командир во ТППЕ Тетово
Со одлука на Совет планирано е да се отворат три подстаници на пожарната, со прераспределба на вработени, иако според прописите и сега бројот на пожарникари не е доволен според бројот на жители на оваа територија.
„Едната ќе биде заедно општина Теарце и Јегуновце, другата заедно за Боговиње и Брвеница и едната за општина Желино“, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Совет на општина Тетово
Одлуката е донесена, но останува потешкиот дел, да се најдат соодветни објекти, опрема и дополнителни финансии.
Данијела Билбилоска