Нови цени на овошјето и зеленчукот

Владата одреди нови цени на овошјето и зеленчукот кои беа замрзнати минатата недела. Цените на 11-те производи ќе пораснат за 5 до 20 денари. Министерот за економија уверува дека нема да бидат поскапи од 110 денари.

            95 денари е новата “замрзната“ цена на доматите и краставиците. Пиперките, пак, ќе се продаваат до највисоката цена од 100 денари. Првично цените на 11 видови овошје и зеленчук Владата ги замрзна минатата недела, но по два дена се премисли и дене ги коригираше, затоа што прикажаните цени на увозниците не биле точни, информира министерот за економија Крешник Бектеши.

Цените се корегираат затоа што увозниците, кои со години доставувале лажни фактури до царина за да платат помал данок, конечно почнале да пријавуваат регуларни цени.

Новите цени ќе почнат да важат по објавуањето во Службен весник, најдоцна до утре.


Данијела Билбилоска