Нови 22 случаи на зболени од коронавирус во Македонија.

Со тоа вкупната бројка на заболени во послендото деноноќие се искачи на 136.  Ноќеска ковид-19 ја однесе и втората жртва во земјава, почина 63-годишен маж од Дебар.

Според местото на живеење, соопштуваат од Министерството за здравство, случаите со коронавирус се регистрирани во Скопје – 81, од кое едно лице е од богданци, а живее во Скопје, во Дебар 40 лица од кои едно почина, Штип – 7, Куманово – 3 од кои едно почина. Во Кавадрци и Охрид има по две лица со коронавиру, од кои едно од лицата во Охрид е од Скопје. Во Гостивар досега е регистрирано едно лице позиитвно на коронавирусот.

Од денеска почнуваат да функционираат 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава.

Обезбедена е потребната терапија која дава добри резултати во многу земји, која ќе се користи во лекување на ковид 19.

Денеска на Инфективната клиника денеска се прават 6 контолни брисеви на пациенти коишто се веќе хоспитализирани. Анализата ќе покаже дали се уште носители на вирусот. Се прави распоред за да се тестираат и вработените на Клиниката за кожни болести.

error: Content is protected !!