Нов дефект во водоводната мрежа во Лешница

Дефекти на мрежата, повторно предизвикаа проблеми во водоснабдувањето во Тетово. Пред 5 дена Јавното комуинално претпријатие воведе 5-часовни рестрикции во ноќните часови, но делови од градот и домаќинства кои немаат хидрофор се жалат дека немаат вода речиси цел ден, па мора да полнат залихи во раните урински часови.

Од ЈКП Тетово информираат дека се работи за два последователни дефекти на лешничкиот систем, од кои првиот е саниран, а вториот е детектиран вчера и се наоѓа на непристапен терен.

Тетовскиот градоначалник, Биљал Касами, пак, на социјалните мрежи преку соопштение повика на разбирање и трпение од граѓаните, известувајќи дека екипите работат на терен на поправка на дефектите, кои се резултат, како што вели, на несоодветното инвестирање со непочитување на потребните стандарди. Тој уверува дека во текот на пролетната сезона ќе започне целосно санирање на водоводната мрежа.

Поголеми дефектит во лешничкиот систем во текот на минатата година имаше во неколку наврат, кога градот со денови се соочуваше со проблеми во водоснабдувањето.