Нов лик доби улицата „Страшо Пинџур“ во центарот на Тетово

Вчера во Тетово, свечено беше пуштена во функција улицата „Страшо Пинџур“ во строгиот центар на градот. После 11 месечната реконструкција, улицата конечно доби нов лик. Реконструкцијата опфати вградување на целосна подземна и надземна инфраструктура, а долж тротоарите од двете страни на сообраќајницата посадени се и нови дрвја.

Улицата започна да се реконструира претходната година од страна на тогашната градоначалничка, Теута Арифи. По доаѓањето на новата општинска власт, градежните работи неколку месеци беа во прекин, поради тоа како што изјави тогаш, Касами, во проектот имало многу пропусти, па била неопходна изработка на нов проект.

Ивана Серафимовска