Нов мандат за претседателот на Сојузот на борци од Тетово, Јоцко Димитриевски

Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, во петокот го одржа Изборното Собрание во просториите на Пензионерскиот дом во Тетово. Собранието го отвори Претседателот на ОО на СБ – Тетово Јоцко Димитриевски, кој се обрати пред присутните, ги поздрави, се заблагодари на нивната масовна присутност и посака успешна работа, по што поднесе Извештај за работата на ОО на СБ- Тетово за периодот од Април 2017 до Декември 2021 г.

Акцент во извештајот беше ставен на успешната работа на организацијата во изминатиот мандатен период која се одвиваше во рамките на утврдената програма за работа и според насоките добиени од Главниот Одбор на СБМ, при што доследно беа почитувани одредбите од Статутот.

По разгледување на Извештајот на ОО на СБ- Тетово за изминатиот период, Собранието ја усвои и Програмата за работа во наредниот четиригодишен мандатен период.

На седницата на Собранието беа избрани Претседателство, Надзорен одбор и 2 претставници за 3-то Изборно Собрание на СБМ.Собранието со едногласна одлука ги избра: За претседател на ОО на СБ- Тетово Јоцко Димитриевски; За потпретседател – Ашим Демири, За секретар – Момир Јаниќ.