Нути една фирма од полошко не ги исполнила условите за добивање субвенции

Нути една фирма од полошкиот регион не ги исполнила условите за добивање државни субвенции за поставувaње на филтри на оџаците. Конкурсот беше објавен во септември минатата година. Се работеше за претпријатија кои се занимаваат со производство на мебел, а кои го загадуваат воздухот со согорување на отпадниот материјал.

Од Еко Герила велат дека имало заинтересирани, но на апликантите им се барале услови кои не можеле да ги исполнат, затоа ниту една фирма не успеала да  обезбеди субвенции за филтри на оџаците. 

  „Како документ барале елаборат од фирмите дека се загадувачи, односно дека се греат на материјал кој го загадува воздухот. Но кај нас претежно елаборатите се копираат, една фирма го копира од друга, или пак се копираат елаборатите од соседните држава. Еве на пример само за илустрација елаборатите за малите хидроелектрани кои се градат во нашаtа држава сите се со копи пест и внатре има неколку страници на српски јазик, кои заборавиле да ги преведат. Тоа се елаборати за проектите, ако изградите нешто треба да има студија за заштита на животната средина.Најверојатно во тие елаборати од фирмите што аплицирале требало да пишува на што ќе се греат во зимскиот период и дали тоа ќе има негативно влијание врз животната средина и тоа не е направено кога фирмите извадиле елаборати,  заради тоа тие не можат да докажат дека се загадувачи, рече Аријанит Џафери од здружението Еко Герила“

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека условите за да можат фирмите да добијат субвенции не биле сложени.

Од Еко Герила се надеваат дека критериумите ќе се променат за апликантите кои ќе аплицираат оваа година. Се додека немаме природен гас за затоплување мора да има вакви мерки, со оглед на фактот дека тие го загадуваат воздухот, а нив никој не ги казнува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

error: Content is protected !!