Обновен оштетениот дел од споменикот на Револуцијата во Тетово

Започнаа работните активности за санирање на оштетениот дел на споменикот на Револуцијата во Тетово. Обновата ја реализира Националната установа Музеј на тетовски крај во соработка со Општинската организација Сојуз на борци од Тетово.