„Огреала месечина од Солуна до Тетоо“

„Огреала месечина од Солуна до Тетоо“ – оваа книга на тетовецот Владимир Кочоски е второ вакво негово дело во кое авторот ги раскажува приказните и судбините на ликовите од најпознатите тетовски староградски песни. Книгата содржи 7 песни, а авторот умешно ги објаснува околностите под кои се создале песните. Кочоски ни раскажа како доаѓал до потребните информации.

Судбините на ликовите обично биле трагични, а мотивот најчесто била љубовта.

Со оваа негова книга, Кочоски го завршува циклусот на обработки на тетовски староградски песни. Со овој запис, вели, се обидел да ги зачува овие приказни од прашината на заборавот.