Одбележани 40 години од основањето на хорот „Менада“

Изминатиов викенд, во просториите на Музејот на тетовски крај односно во поранешниот Дом на АРМ, со јубилеен концерт беа одбележани 40 години од основањето на градскиот женски младински хор, „Менада“. Манифестацијата беше исполнета со богата музичка програма. Импресиите од манифестацијата по повод годишнината на хорот пред нашата камера ги сподели основачот и диригент на женскиот хор „Менада“ од Тетово, маестро Ивица Зориќ.

40 годишниот јубилеј  несомнено е од големо значење за членовите на хорот, и поттик за уште успешни концерти.

Инаку, градскиот женски младински хор „Менада“ е основан во далечната 1981 година. Во четири децениското постоење во хорот членувале и настапувале илјадници хористки, а хорот бележи настапи во повеќе европски држави и реализирани над 1300 концерти.