Одбележани 79 години од херојската смрт на првоборецот и револуционер Иљо Антески Смок

По тој повод во организација на Сојузот на борци се одржа историски час на кој присуствуваа ученици од тетовските основни училишта.

„Иљо и припаѓа на онаа плејада на борци од НОБ и антифашистичка војна, кој несебично се жртвуваше за национална слобода на Македонија. Загина на неполни 24 години, но неговите дела и идеали длабоко се врежани во срцата на сите сограѓани“, рече во говор претседателот на Сојузот на борци Тетово, Јоцко Димитриевски.

Пред спомен-обележјето на Иљо Антевски Смок во тетовската населбата Два Бреста денеска положија цвеќе неколку делегации, како и претставници на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески Смок“.

Инаку, Здружението за култура и уметност што го носи името на Иљо Антески Смок по повд 100 годишниот јубилеј организира пригодни активности, заклучно со 24 мај.

Данијела Билбилоска