Одбележани 80 години од загинувањето на првоборецот Иљо Антески-Смок
Во Тетово денеска беа одбележани 80 години од загинувањето на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето, во организација на тетовскио Сојуз на борци се одржа пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде беше одржан историски час за неговото дело и лик.
Пред споменикот на борецот и револуционер Иљо Антески-Смок, букети цвеќе положија повеќе делегации на организации, институции и политички партии.
Данијела Билбилоска