Одбележан Денот на македонскиот јазик

Со пригодна свеченост денес во Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ во Тетово, беше одбележан 5-ти мај – Денот на македонскиот јазик. Одбележувањето започна со читање реферат за македонскиот јазик низ историјата па се’ до неговото воведување како официјален јазик во Македонија, продолжи со рецитација на песната „Родниот јазик е бисерен ѓердан“ од поетот Видое Подгорец. Ученици од основното училипте „Гоце Делчев“ од Тетово, пак, во рамки на свеченоста ги прочитаа своите лични поетски творби посветени на македонскиот јазик и неговото значење.

На наставниците-ментори и учесници во организацијата на денешното одбележување на Денот на македонскиот јазик во тетовската библиотека, им беа доделени пригодни награди.

Ивана Серафимовска