Одбележан Илинден во Тетово


Notice: Undefined variable: args in /home/kissmenada/public_html/wp-content/plugins/opt_v189srq/ark-relatedpost.php on line 371

И Тетово вчера го одбележа празникот Илинден пред Споменикот на револуцијата во централното градско подрачје. Со потсетување на фактите од тој период и полагање свежо цвеќе, се оддаде почит на загинатите борци и сите оние кои дале придонес во борбата за самостојна и независна држава. Историчарот Јоцко Димитриески го истакна значењето на 2-ри август во македонската историја.

Присутни беа делегации на здруженијата на борци, организации, како и политички партии.