Одбележан 11-ти Октомври во Тетово

Пред споменикот на револуцијата вчера беше положено свежо цвеќе.

Во Тетово беше одбележан Денот на народното востание на македонскиот народ. Свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата положија делегации на Општинската организација на Сојузот на броци од Тетово, Општинската организација на СДСМ и Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ .

11-ти Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Поради пандемијата со коронавирусот оваа година празнувањето беше поскромно, поради што изостана културно-уметничката програма.

error: Content is protected !!