Одбележан 3-ти Март-Денот на општина Тетово

Денеска, во просториите на Советот на општина Тетово се одржа свечена седница, по повод 3-ти Март, Денот на општината. Градоначалникот, Биљал Касами, во поздравниот говор пред присутните, зборуваше и за значењето на Денот на општина Тетово и за новата историја на нашата општина.

На седницата, беа доделени признанија на истакнати личности од различни сфери во општеството, кои дале свој придонес во развојот и афирмацијата на градот Тетово.

Советничката група на СДСМ реагираше дека доцна биле извесетени за одржувањето на седницата и дека нивните предлози за добитници на признанија не биле земене предвид.  

Претседателот на Советот, Бесар Дурмиши, пак, одговори дека лицата кои не добиле признание оваа година, ќе добијат следната.

Инаку на 3-ти март во 1992 година во Тетово беше формиран првиот повеќепартиски совет, со што беше означен почетокот на институционалната демократија во градот.

Данијела Билбилоска