Одбележан 9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Во организација на Сојузот на борци денеска во Тетово беше одбележан 9-ти мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Со интонирање на македонската химна и полагање цвеќе пред Споменикот на револуцијата денес во Тетово беше пригодно одбележан 9-ти Мај Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

Претседателот на Сојузот на борци, Јоцко Димитриески, во својот говор пред присутните истакна дека втората светска војна, во која беше победен фашизмот, е пресудна и за македонскиот народ, кој пред војната беше национално обесправен и угнетуван од соседите, за да на крајот создаде својата национална држава.

Почит на загинатите во Народноослободителната и антифашистичка војна им беше оддадена со едноминутно молчење, а букети цвеќиња положија делегации на Сојузот на борци, Општина Тетово, АРМ, претставници на политички партии, здруженија на граѓани и организации и ученици.

Данијела Билбилоска