Одговорност за Тик ток – анестезиологот

Министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор на новинарско прашање околу одговорноста на лекарот кој на социјалната мрежа Тик ток објави видео со пациентки од клиниката за гинекологија во Тетово, рече дека тој добил непотврдена информација за претходно несовесно однесување на лекарот, но за тоа не била покрената никаква постапка.