Одењето на плажа е ризик – да се почитуваат утврдените протоколи

Самото одење на плажа е ризик, а непридржувањето до утврдените препораки го зголемува тој ризик. Експертите објаснуваат дека мерките за заштита мора да се почитуваат, особено сега за време на летните горештини кога граѓаните бараат разладување на плажите низ туристичките места во земјава. Сликите од изминатиот викенд беа загрижувачки – преполни плажи, собири, забави.

Д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово вели дека најризични места на плажите се гардероберите и тоалетите, каде што постојано треба да се врши дезинфекција, после секоја употреба.

Пешкирите, опремата за нуркање и сите други предмети кои се носат на плажа, треба да ги користи исклучиво индивидуата, односно таквите работи не треба да се споделуваат со другите. Засега нема доказ дека водата е преносител на вирусот, но капачите сепак треба да ја одржуваат потребната дистанца и во вода.  Експертите уште еднаш потсетуваат дека доколку се почитуваат мерките, ризикот од ширење на вирусот ќе биде минимален.

error: Content is protected !!